Вести

„Авантури на екранот: женска режисерска приказна“ Елиза Кубарска

Секоја година, наши гости се истакнати работници од областа на планинскиот филм. Така и оваа - имаме убава приказна: ни гостува полската режисерка, Елиза Кубарска, која беше добитник на Гран При на Ехо во 2021 година, со својот филм „Ѕид на сенки“ и која ќе одржи своја презентација:

?„Авантури на екранот: женска режисерска приказна“

Приказна за авантурите на режисер кој работи во екстремни услови: високо во планините или длабоко во морето.
Елиза, преку фрагменти од нејзините наградувани филмови на многу меѓународни фестивали, ќе не' понесе на места далеку од цивилизацијата: од ледените пејзажи во Гренланд, тиркизните мориња на Борнео, до највисоките планини во светот - Каракорум и Хималаите. Тоа што ги поврзува овие локалитети се универзалните приказни за луѓето, нивните емоции и нивната длабока врска со природата.
Елиза исто така ќе зборува за предизвиците во работата во такви изолирани средини, често на јазик кој не го знаете и каде најмалиот дефект на филмската опрема може да значи крај на снимањето.

Елиза Кубарска дипломира на Академијата за визуелни уметности и Филмското училиште Вајда во Варшава. Нејзините филмови добиваат признанија и се наградувани на бројни меѓународни фестивали, а само нејзиниот последен филм „Ѕид од сенки“ победи на повеќе од 30 фестивали. Како качувач, таа учествува на повеќе експедиции заедно со Давид Кажликовски - алпинист и фотограф - на Гренланд, во Каракорум, Висок Атлас во Мароко, како и региони во Југо-источна Азика и Западна Африка. Заедно имаат искачено повеќе нови насоки на поголеми планински страни.

? Оваа година, за време на нашиот фестивал, за нејзините достигнувања во реализацијата на планински филмови, Елиза ќе ја прими Гран При наградата од страна на Меѓународната Алијанса за планински филм.

Елиза Кубарска е гостин на Ехо и во Македонија, со поддршка на Амбасадата на Полска.

Партнери

Поддржано од

Член на: