Вести

„ЗМТ во 2 дена“ - Игор Јовановски и Жикица Ивановски

Многу е убаво кога во нашите, македонски планини, ќе се оформи Проект (со големо „П“), кој ќе не' држи во фокус, во тренинг, будни навачер доцна во ноќта - правејќи планови, гледајќи мапи за него... Предизвик за кој нема да имаме мир се' до негова реализација ?Во таков проект и предизвик прераснува Западната Македонска Трансверзала (ЗМТ), посебно за вљубениците во планинското трчање, кои веќе не само размислуваат „да ја поминат“, туку тоа да го направат и побрзо.

На таа тема ќе биде и презентацијата на Игор Јовановски и Жикица Ивановски:

?„ЗМТ во 2 дена“
После неколку неуспешни обиди за брзинско и во еден здив минување на Западната Македонска Трансверзала, конечно 2023 година за Жикица и Игор од Трекс се отвора како успешна. Иако почетокот е со невреме и нестабилност, екипата успева да ја мине Шар Планина и после добар одмор да продолжи кон охридското езеро со финиш за само два дена.

Партнери

Поддржано од

Член на: