Работилница за деца: Заштита на биодиверзитетот на Преспа - преку играта „Преспа“
За играта Играчите на друштвената игра „Преспа“ имаат за цел да заштитат пет преспански животни, растенија или живеалишта, а за да го постигнат тоа неколкукратно го обиколуваат целиот прекуграничен басен. Попатно се соочуваат со тешки одлуки - од една страна мораат да заработат пари, бидејќи заштитата е скапа, но од друга страна не смеат целосно да снемаат од најважниот ресурс од сите - вода. Како ќе се справите со моралните дилеми кои ги наметнува играта? „Преспа“ беше развиена од Македонско еколошко друштво и прекуграничната мрежа од организации за заштита на Преспа „ПреспаНет“.
Автори на играта се Драган Арсовски и Македонка Андева и беше изработена како дел од „Проект Преспа“ финансиран од Фондацијата за заштита на Преспа и Охрид (PONT) и фондацијата Ааге В. Јенсен.
Драган Арсовски е еколог и доктор по биолошки науки кој од 2019 работи за Македонско еколошко друштво како (i) координатор на проект за заштита на прекуграничниот преспански регион, со посебен личен акцент на популациски истражување на влекачите на островите Голем Град во Македонија и Мали Град во Албанија, (ii) координатор на програмата за поддршка на млади еколози „д-р Љупчо Меловски“ и претседател на научната комисија која доделува грантови и (iii) уредник и ко-автор на првата Црвена книга на засегнати влекачи на Македонија. ?
Повеќе инфо за работилницата за деца: Термин на одржување: 26ти октомври (четрвток), 18 часот, МКЦ Возраст: 12+ годишна возраст ?
Пријавување на: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.
При пријавувањето, наведете за која работилница е Вашиот интерес. Работилницата е со ограничен број на учесници. Прв пријавен - прв примен