Еко Логик (Eco - Logic) и оваа година, со важни, интерактивни работилници за деца.
❤ Ќе бидат реализирани работилници во текот на два дена: во вторник на 24ти и во петок на 27ми октомври, со кои кај најмладите ќе се инспирира и крева еколошката свест, како и интересот за правење експерименти и истражување на природата. ?
За активностите во петок:
Тема е: Загадување (Рециклирање). Целта е подигнување на свеста за зачувување на природата, рециклирање, разработување на креативноста на децата, моторни вештини, учење на бои... Децата прво се запознаваат со потребата за рециклирање и намалување на количината на отпадот, а потоа се прават интерактивни вежби со цел да се покаже реупотребата на материјали: на пример се бојат употребени пластични шишиња и заедно со други материјали - се прават елементи кои може да се користат во секојдневието... ?
Повеќе инфо за работилницата за деца: Термин на одржување: 27ми октомври (петок), 18 часот, МКЦ Возраст: 4-6 годишна возраст ?
Пријавување на: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.
При пријавувањето, наведете за која работилница е Вашиот интерес. Работилницата е со ограничен број на учесници. Прв пријавен - прв примен.