Уште еден гостин на 7то издание на ЕХО е најдобриот сноубордер во Финска, Никлас Холстен(1983). И покрај неговите почетоци во фристајл и бордеркрос, денес тој се натпреварува само во фрирајд натпревари. Никлас е првиот финец кој учествувал во квалификациите за Фрирајд ворлд тур, во 2010 и го освоил третото место. Истата година победил на скандинавскиот фрирајд шампионат. Во 2012 победил на Австрискиот фрирајд куп, а минатата година станува и шампион на Финска во фрирајд. Заедно со својата сопруга Нивес и хаските Лангоре и Шила, во последните години Никлас го формира тимот Холстен (http://www.teamhollsten.com) со кој патуваат низ светот во зимските месеци, и избираат атрактивни линии за искачување и спуштање. Минатата година беа и во Македонија, ги искачија врвовите Кораб и Кепи Бард, и заедно со Томе Котески и Методи Чилиманов спуштија прва линија по Кепи Бард.
Никлас на ЕХО ќе ни долови мал дел од неговиот живот на професионален сноубордер и авантурист, а ќе имаме можност и премиерно да го погледнеме филмот на тимот Холстен насловен After you, кој делумно е снимен во Македонија.
Ова гостување е помогнато од Algasan.
Натпревари:
Светска турнеа во Фрирајд – квалификации 2010: 3то место
Скандинавски шампионат во Фирајд 2010: 1-во место
Австриски фрирајд куп 2012: 1-во место
Фински фирајд шампионат 2016: 1-во место
Филмови:
Hisslös 2012
Pilke freeride movie 2013
TeamHollsten leaving tracks 2014
As it was 2015