Вести

НИЕ или ресурсите - ПРИРОДА НАСПРОТИ ЕКОНОМСКИТЕ ПРОЕКТИ

НИЕ или ресурсите - ПРИРОДА НАСПРОТИ ЕКОНОМСКИТЕ ПРОЕКТИ.

Регионална панел дискусија, за успешни приказни и битки на активистите за зачувување на животната средина Се' почесто сме сведоци дека економскиот бенефит прави притисок кон природните ресурси и тоа во непосредна близина на населени места. Развојот на овие проекти е закана не само за животните туку и за луѓето и нивното здравје. Со овој панел сакаме да дадеме простор на некои од најгласните и најиздржливите во битката да се зачува природата. За среќа има и позитивни резултати како прогласување на единствениот воден парк на река Вјоса но има и битки кои се незавршени и се закана за локалното население и природата.
Ви претставувавме три приказни, три битки за зачувување на природата:

Здружението Натуралаб од Лабуништа, Струшко - изминативе 6 години се залага за затворање на каменоломи во непосредна близина на селото.

Здрава котлина - се обидуваат да не се дозволи отворање на рудник Иловица-Штука во срцето на најплодната котлина во Македонија – Струмичката.

ППНЕА (Protection and Preservation of Natural Environment in Albania) од Албанија ја продолжуваат битката против изградба на аеродром во Вјоса Нарта каде што стотици птици се хранат за време на својот миграторен пат.

За време на панелот ќе ги бидат присутни следниве панелисти: Костадин Ристоманов Јасмин Ќазимоски Алија Ќазими Зидјон Ворпси

Партнери

Поддржано од

Член на: