Вести

Најдобар филм на тема Екологија: „Илузија на изобилство“ - Ерика Гонзалес Рамирез / Мат Лиетарт

?Најдобар филм на тема Екологија: „Илузија на изобилство“ - Ерика Гонзалес Рамирез / Мат Лиетарт, Белгија, 2022, 60'
 
?Еко жирито го даде следното образложение:
Фокусот на овој филм е отпорот кон експлоатација на природата во Јужна Америка, кој е покажан преку три случаи.
Филмот покажува колку прогресот не е линеарен, и како дури европски компании со јасни регулативи за заштита на природа во сопствените земји се спремни да експлоатираат туѓи земји со помалку регулативи во име на профит. Трите случаи се примери на луѓе и заедници
кои дејствуваат против незамисливо моќните; примерите се конкретни и втемелени во реалност – не покажуваат лажно позитивна слика, но исто така покажуваат дека отпор е сѐ
уште можен дури и во битки против корпуција и против противник со драстино повеќе пари и моќ. Иако филмот е фокусиран само на Јужна Америка, од многу аспекти ова се базичните проблеми за заштита на природата со кој што се соочува целиот свет. Затоа сметаме дека е важно да се прикаже овој филм кој толку прецизно прикажува овој тип борби и успеси, и со тоа ни дава пример за можен исчекор кон подобро.
Инаку жирито додава:
Оваа година како жири лесно ни беше да одбереме најдобри три филма, а доста потешко да одбереме кој од тие три ќе го добие првото место. Сите три имаа различна тема, различен стил и различен пристап, а истовремено беа од висок квалитет, имаа јасна еколошка тема, и беа интересни како филмови.
Двата филма што ни беа блиску до победа се „Облогот“ и „Кревање од длабокото“.
„Кревање од длабокото“ мора да се спомне од визуелен и тематски аспект. Преку овој филм добивме поглед во длабочината на океанот која сеуште делува како вонземски свет. Рударство во длабочината на океаните е важна тема која сеуште не е доволно испитана и овој документарец покажува како веќе постојат корпоративни и политички притисоци да се искористи овој ресурс без оглед на последиците.
„Облогот“ беше еден од најубавите филмови за гледање. Нараторот нѐ вовлекува во искуството на снимање и ни овозможува да искусиме како е да се биде сам на изолирани планини, да се чека одредено животно и конечно да се фати на камера. Филмот е трпелив но динамичен, ја менува сценографијата и има различни точки на интерес додека останува фокусиран на темата на птиците.
Благодариме Данка, Арта, Ребека и Александар од Македонско еколошко друштво за Вашата неуморна работа како членови на жирито за оваа категорија. ❤️

Партнери

Поддржано од

Член на: