Вести

Најдобар филм на тема Култура и природа: „На планината“, Елеонора Мастропјетро, Италија

? Најдобар филм на тема Култура и природа: „На планината“, Елеонора Мастропјетро, Италија

Главното жири на Ехо, оваа година одлучуваше за повеќе категории. Помеѓу нив: најдобар долгометражен филм, најдобар качувачки филм, најдобар алпинистички филм, најдобар култура&природа филм и Гран При.
? Одлуките ги читаше Иво Бару - член на жирито, кој за победничкиот филм во категоријата Најдобар филм на тема Култура и природа, „На планината“ кажа:
Нема дијалози, нема текст, одличен 5!!! Гледајќи го, неверојатно е колку многу некаде позади во мојата потсвест „се врти“ - „Модерни времиња“ на Чарли Чаплин. Можеби е интересно да се гледа со антрополошки „наочари“...
На италијанската страна на Монт Блан, на 3744 м надморска висина, стои грандиозното издание на новоизградената станица за телекабината. Таму каде што пред десетина години планинарите стигнувале искачувајќи се со часови и денови, денес се стигнува за десет минути.
„We climb to the mountains to find our soul“ - беше испишано во еден од филмовите во селекцијата и веруваме дека за многу од овде-присутните, планините претставуваат едно спиритулано патување кон себе, место каде го наоѓаш својот внатрешен мир и го откриваш најдлабокото во себе.
Ако тоа е сликата за планинарите кои полека и истрајно се качувале до овие 3700 метри, ова е сликата денес:
• Комотни лежалки фино распоредени према сончевите зраци
• Дечко со потскинати фармерчиња на колената пие чаша вино
• Тетка во крзнена бунда и тенки чизмички се искачува на мала карпа од два метри. Другарката ја слика при овој подвиг
• Река на туристи кои не гледаат ништо околу себе, окупирани со правење селфиња
• Ресторанот е преполн. Во кујната се спрема бивтече
• Бел клавир во фоајето
Режисерката Елеонора Мастропиетро само тивко набљудува. Не кажува ништо. Нејзините слики се поголеми од билокакви зборови.

По обраќањето вечерта, со публиката беше споделено и поздравното видео од режисерката Елеонора Мастропјетро и продуцентот Даниеле Иетри.
Честитаме!

Партнери

Поддржано од

Член на: