Најдобар алпинистички филм: „Нупце“, Хуго Клузо, Франција
Главното жири на Ехо, оваа година одлучуваше за повеќе категории. Помеѓу нив: најдобар долгометражен филм, најдобар качувачки филм, најдобар алпинистички филм, најдобар култура&природа филм и Гран При.
Одлуките ги читаше Иво Бару - член на жирито, кој за победничкиот филм во категоријата Најдобар алпинистички филм, „Нупце“ кажа:
Остар пресек на човечката опсесивност и непресушната мотивација по секоја цена да се постигне замислениот искачувачки проект. Приказна исткаена од нарација за пријателството, ирационалата фиксацијата кон врвот и замислената линија, но и губењето на смислата во обидот да се повтори нешто што иницијално било толку хипнотизирачко. Сето тоа крунисано со врвно искачување во алпски стил и отворање на кутијата со се уште неодгатнатиот одговор – зошто сме некогаш спремни на сето тоа?