Вести

Најдобар долгометражен филм: „Едланже - слобода на врвот на прстите“, Нилс Мартин, Франција

? Најдобар долгометражен филм: „Едланже - слобода на врвот на прстите“, Нилс Мартин, Франција
Главното жири на Ехо, оваа година одлучуваше за повеќе категории. Помеѓу нив: најдобар долгометражен филм, најдобар качувачки филм, најдобар алпинистички филм, најдобар култура&природа филм и Гран При.
? Одлуките ги читаше Иво Бару - член на жирито, кој за победничкиот филм во категоријата Најдобар долгометражен филм, „Едланже - слобода на врвот на прстите“ кажа:
Oмаж и заслужен портрет на Патрик Едланже, еден од пионерите на спортското качување, најзаслужна фигура за номинирањето на искачувањето по карпи како спортска дисциплина. Преку архивски снимки од почетоците на Блонди и неговите компањони, но и директно во камера, се пропагира животната филозофија на овој спорт и генерално на сите кои го практикуваат - чувството на слобода.

Партнери

Поддржано од

Член на: