Вести

„Националниот планински музеј во Торино“ - Марко Рибети

„Националниот планински музеј во Торино и неговата архива на историски филмови“ - Марко Рибети, Италија ?

? По повод 150-годишнината на Музејот, нашиот почитуван пријател Марко Рибети, ќе одржи презентација за идејата за неговото формирање во 1874 година и за неговиот развој до денешен ден - со посебен акцент на описот на архивата на историски филмови на музејот, при што ќе можеме да погледнеме кратки секвенци од некои од најважните филмови кои се зачувани во оваа архива.

Марко Рибети е заменик Директор на Националниот планински музеј во Торино и куратор на неговата архива на историски филмови - при што во изминатите повеќе од 20 години, тој учествува во поставувањето на стотици привремени изложби посветени на секој аспект од планините, алпинизмот и истражувањето.
Во исто време, Марко се грижи за каталогизација и менаџмент на филмовите во оваа архива, соработува со списанија посетени на планините и алпинизмот, пишува за кина и филмови во Алпите и други планини во светот...
Тој исто така е и координатор на Меѓународната Алијанса за планински филм - алијанса која збратимува повеќе планински фестивали во светот, посветени на зачувување и промоција на планинскиот филм, меѓу кои и нашиот ЕХО.

Марко Рибети со оваа прекрасна и многу интересна презентација ќе биде гостин на Ехо, со поддршка на Амбасадата на Република Италија.

Партнери

Поддржано од

Член на: