Од 15 години Ехо, 13 години соработка со Македонското Еколошко Друштво (Македонско еколошко друштво). Организација која многу ја почитуваме и се радуваме за секоја нивна тема со која настапуваат на нашиот фестивал, бидејќи тоа секогаш е нешто многу актуелно и нешто за што имаме многу прашања...
Оваа година со МЕД имаме повторно повеќеслојна соработка: од жирирање, презентации, работилници...
Една од нивните презентации годинава ќе биде на тема: пожари. Случувања кои длабоко не' погодија како држава годинава од аспект на нивна бројност, опсег... Не' болеше, се лутевме, се чувствувавме беспомошни, тажни - како ние, кои сме пасионирани вљубеници во природата и планините, но така секако и луќето кои живеат во близина или беа и директно погодени од нив, а така секако и целиот друг жив свет околу нас....
Со презентацијата „Пожари: што пред и после нив?“ ќе ни се обратат Сара Крстевска и Лазар Николов (Македонско еколошко друштво)