Вести

Жири за најдобра планинска фотографија на ЕХО 2024

Жири комисијата на Конкурсот за најдобра планинска фотографија на ЕХО 2024, се состои од дел од тимот на Македонскиот фестивал за алтернативна фотографија „Зрно“.

Фестивалот Зрно е иницијатива која донесе многу свежина на заспаната македонска фотографска сцена. Зрно го чинат неколку македонски форографи и љубители на аналогната фотографија. Посветен е на истражување, промовирање и изучување на старите, благородни фотографски техники.
ЗРНО е дел од основачите на светската мрежа за аналогни фестивали!

Членови на жирито:

Кети Талевска Бакревска

Покрај дигиталната фотографија се занимава активно и со алтернативна фотографија: класична аналогна фотографија, лумен принт и цијанотипија. Се наоѓа и меѓу основачите на првиот фестивал за алтернативна фотографија во Македонија „ЗРНО“
Има учествувано, организирано и жирирано повеќе домашни и меѓународни изложби.
Прва самостојна изложба на лумен принтови имаше во 2022 година и е единствена во нашата земја која што се претставила со оваа фотографска техника. Како дел од ЗРНО фестивалот учествуваше и на уште неколку изложби за алтернативна фотографија во Македонија.
Како предавач има одржано работилници за: лумен принтови на ЗРНО фестивалот во Скопје и во Виена, Австрија, работилница за камера обскура во Битола, работилница за стоп анимација и видео монтажа во Скопје.

Сашо  Алушевски

Се бави со фотографија од најрано детство. Голем дел од своето време се бавел со формална и неформална едукација, од негови материјали сеуште учат сите ученици кои поминуваат низ државните училишта во земјава. Со авторска фотографија се бави поинтензивно во последните 20 години. Пионер на македонската алтернативна фотографска сцена/ Неговата страст и интересирања се особено насочени кон истражување на старите фотографски техники. Го иницирал единствениот фестивал за алтернативна фотографија-Зрно. Предава предмет – фотографија, на дизајн академијата во Сивус.   Учествувал на над 100 домашни и меѓународни изложби и смета дека бил наградуван повеќе од пристоен број пати, на истите. До сега има одржано дванаесет самостојни изложби во Македонија и во странство.

Мартина Павлоска родена во 1981год  во Скопје, Македонија , работи како модел и во својата кариера работела во повеќето модни метрополи, како што се Њу Јорк, Лондон, Париз, Милано и Токио. Се има појавено на многу ревии меѓу кои Chanel, Cristian Lacroix, Alexandar Mcqueen, Gianfranco Ferre, Giorgio Armani, Vivienne Westwood. Има работено на модни капањи и едиторијали каде што соработувала со познати фотографи. Cо фотографијата се запознава преку модата, каде што се сретнува и со полароидите. Магијата на “сега и тука” што ја пружа полароидот и спонтаноста на истиот, стануваат нејзина страст.
Завршила основен и напреден курс за фотографија кај Сашо Алушевски. Kо-основач на меѓународниот фестивал на алтернативна фотографија – Зрно. Одговорна за имиџот на фестивалот во јавност.

До сега се претставила со авторски фотографии на:
- групна изложба на алтернативни фотографии во КИЦ - Скопје на 4ти јули 2022 под името “Да растеме заедно”
- групна изложба на дела настанати на првото издание на меѓународниот фестивал на алтернативна фотографија - Зрно во КИЦ 9ти август 2022
-групна изложба на куп на македонска фотографија 21ви септември 2022
- групна изложба на алтернативни фотографии во Магаза, Битола на 6ти мај 2023 под името “Кон сонцето!”
- групна изложба на алтернативни фотографии на свеченото отворање 19. Меѓународна колонија “Де Ниро”- Битола, во Цапари 23ти јуни 2023
- групна изложба на инстант фотографии на фестивалот за аналогна фотографија SiFest во Савињано cyл Рубиконе (Savignano sul Rubicone) 8ми септември 2023 под името “Бајка”
- групна изложба на фестивалот за инстант фотографии ISO600 во Галерија Паолети - Болоња на 6ти октомври 2023
- групна изложба на инстант фотографии на саeмот за уметност artCity во Болоња во Галерија Виола на 2ри февруари 2024 под името “Controtendenze”
-  Групна изложба на фестивал за инстант фотографии X roid - Int’l Instant Art Expo Bonn во The Stage Gallery во Бон на 3ти мај
-  Групна изложба на инстант фотографии на меѓународниот саем на книга во Торино на 9ти мај под името “Books in the wall”
-Групна изложба на инстант фотографии на меѓународниот фестивал Instant Art Arles 22ри јули во Арл
-групна изложба на фестивалот за инстант фотографии ISO600 во Галерија Виола на 4ти октомври

Моментално живее во Милано, работи како ПР на социјалните мрежи и се бави со мода.

Партнери

Поддржано од

Член на: