Вести

Работилница „Планински креативен документарен филм“

? Работилница за филм - „Планински креативен документарен филм“

Пријавените учесници, треба да дојдат со веќе претходно снимен матријал, кој понатаму ќе биде доработен со менторите, и заедно со нивно менторство ќе создадат еден краток креативен документарен филм.
Видео материјалот треба да биде на некој начин поврзан со тема од областа на екологија и природа, планински спортови и слично.
Предвидено времетраење на работилницата е четири дена (или по договор два дена со погуст распоред) и ќе се одржи за време на фестивалот ЕХО (18-25 октомври), со претходна селекција на учесници, консултации за идеи, снимање и монтажа на филм.

? Пријава: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите. / Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.
Учество: 5 до максимум 10 апликанти (прв пријавен / прв услужен)

? За менторите:
?Кирил Каракаш и Светислав Подлешанов се основачи на филмската продукција ОПИУМ Филм со седиште во Скопје. Со филм се занимаваат од нивна 12 годишна возраст преку правење на нивните први краткометражни филмови.. Кирил и Светислав се дипломирани филмски и ТВ режисери, а специјализирале на филска продукција на ЕСРА.
Изминативе седум години заеднички организираат и работат на различни филмски работилници како ментори за креативен, експериментален, документарен и игран филм со средношколци и основци од цела Македонија.
Во 2022 година, тие ја создаваат номадската резиденција „Центар за Интердисциплинарни Активности,“ чија трета едиција ќе се одржи во 2024 година. Оваа резиденција, им овозможува на младите автори да се развиваат во областа на креативниот документарен филм преку уникатни работилници на планински локации, каде што природата и уметноста се спојуваат за да создадат инспиративни филмски дела. Во последните шест години го продуцираат и го развиваат низ европски работилници и фестивали долгометражниот документарен филм со работен наслов „Железен Човек“, финансиски поддржан од Агенција за филм. Во 2018год. Опиум филм го продуцира краткиот документарен филм „Водата“, а во 2016 долгометражниот игран филм „Обожение“. Во 2021 година го копродуцира украинскиот долгометражен игран филм „Празникот на хризантемите“, на којшто одреддени сцени се снимаа во “Спомен костурницата” во Велес и “Македониумот” во Крушево.

Партнери

Поддржано од

Член на: