Вести

Жири за Најдобар качувачки и најдобар алпинистички филм

Вистинско задоволство ни е што за наградите во категориите Најдобар качувачки и најдобар алпинистички филм одлучува дел од тимот на Македонската алпинистичка федерација.
Жирито се состои од луѓе кои имаат искуство во областа на филмот и се докажани страсни љубители на природата и планинари.

Мартин Пејоски Алпинист, архитект, водич во планина, спасител, едриличар. Страстен Алпинист со долго годишно искуство како водич и спасител во планина. Покрај Архитектурата како негова професија и фокусот кон планините секогаш наоѓа време за неговата за неговата втора пасија едрењето. Страста кон Алпинизмот ја проследува низ неговата професија како Архитект... Со долго годишното искусво како водич и спасител во планина... Покрај неговата пасија кон планините секогаш наоѓа време и за едрење како негова друга позната средина.

Костантин Циривири Инструктор по алпинизам и ментор на генерации македонски алпинисти. Институтор на UIMLA професионалниот стандард за водичи во планина во Македонија, и дел од тимот што го воведе ICAR стандардот за планинско спасување кај нас. Професионален водич во планина, раководител на центарот за образование, наука и истражување Планинска Академија и сопственик на агенција за планински туризам. Автор на педесетина наслови од областа на алпинизмот, планинарството, планинскиот и авантуристичкиот туризам.

Антонио Додевски Алпинист и Планински Спасувач, претседател на Алпинистички клуб ПАТАГОНИЈА Охрид и претседател на Национален Сојуз за Планинско Спасување.

Илија Циривири е успешен алпинист со искуство дологодишно искуство и длабока страст за зимски искачувања. Некои од неговите најпредизвикувачки алпинистички подвизи се направени прегрнувајќи ја убавината и предизвиците на зимскиот пејзаж. Алпинистички инструктор чии авантури во алпинизмот ја мотивираат помладата генерација. Како филмски продуцент, синтетизирајќи ги сировата убавина на алпинизмот и алпинистичкот предизвик создава филмови кои пркосат и во себе го носат истражувачкиот дух.

 

Партнери

Поддржано од

Член на: