Христина Крстеска е визуелен уметник и истражувач. Има завршено магистерски студии на Факултетот за Ликовни Уметности, а нејзината уметничка работа се базира на мултимедијални практики. Во полето на уметноста таа работи со интердисциплинарен пристап, истражувајќи за карпите и влијанието кое човечките активности го оставаат врз нив. Христина исто така е активен член на Македонската Алпинистичка Федерација веќе 10 години. Има остварено многубројни искачувања на алпинистички локалитети во државата и надвор, како и учествувано во повеќе алпинистички семинари.
Мартин Пејоски Алпинист, архитект, водич во планина, спасител, едриличар. Страстен Алпинист со долго годишно искуство како водич и спасител во планина. Покрај Архитектурата како негова професија и фокусот кон планините секогаш наоѓа време за неговата за неговата втора пасија едрењето. Страста кон Алпинизмот ја проследува низ неговата професија како Архитект... Со долго годишното искусво како водич и спасител во планина... Покрај неговата пасија кон планините секогаш наоѓа време и за едрење како негова друга позната средина.
Илија Циривири е успешен алпинист со искуство дологодишно искуство и длабока страст за зимски искачувања. Некои од неговите најпредизвикувачки алпинистички подвизи се направени прегрнувајќи ја убавината и предизвиците на зимскиот пејзаж. Алпинистички инструктор чии авантури во алпинизмот ја мотивираат помладата генерација. Како филмски продуцент, синтетизирајќи ги сировата убавина на алпинизмот и алпинистичкот предизвик создава филмови кои пркосат и во себе го носат истражувачкиот дух.