За време на својата презентација, Филип ќе ги сподели со нас, дел од неговите најневеројатни достигнувања. Минатата година ја шокираше планинската заедница, со тоа што ги поврза четирите гребени на Матерхорн за помалку од осум часа, исцртувајќи голема „осмица“ по неговите гребени! Во масивот на Мон Блан, го искачи 570-метри совршениот гранит на Гранд Капусин за само 49 минути! Едно од неговите најсмели достигнувања е првото соло искачување со јаже во историјата на „гритстон“ качувањето, на насока со тежина Е9. Станува збор за насоката „Состанок со смртта“ - икона во Пик Дистрикт во Англија...
За ова и многу повеќе ќе ни раскаже Филип – полски алпинист со единствена приказна, кој веќе повеќе од 20 години живее во Италија, во долината Аоста под Мон Блан, каде што ја гради својата кариера постигнувајќи подвизи на самата граница и повторно дефинирајќи што е возможно.


