„Скриеното богатство на природата – вредноста што не се гледа“, предавање од Наталија Меловска, Македонското еколошко друштво
Во време кога сè повеќе држави почнуваат да ги вклучуваат шумите, реките и пејзажите во своите национални сметководствени системи, концептот на природен капитал и екосистемски услуги почнува да станува дел и од нашата јавна дебата, сакале - или не. Што значи да ѝ доделиш парична вредност на природата? Дали е тоа само циничен економски трик или може да биде алатка за нејзина заштита?
Ќе погледнеме како овој пристап се користи низ светот – од пејзажи или диви видови што се проценуваат пред да се уништат – и ќе се спуштиме локално: каде и како ние во Македонија веќе го тестиравме овој концепт, што научивме и зошто е важно да ги препознаеме „невидливите“ придобивки што природата ни ги дава секој ден.
???? Ова предавање е покана да размислиме: колку вреди природата – пред да ја изгубиме?
Наталија Меловска е дел од Македонското еколошко друштво од 2007 година, работејќи на проекти кои ги зближуваат луѓето и природата и ги заштитуваат ретките растенија. Во последните години, нејзиниот фокус е на интегрирање на концептот на екосистемски услуги на национално ниво, придонесувајќи за подобро разбирање на вредноста на природата во донесувањето одлуки и политиката.
???? Предавањето ќе се одржи во вторник, на 21ви октомври, во Кинотека - 19 часот. Ќе имаме прекрасен едукативен еколошки блок