Вести

ЕКО жири на ЕХО #17 / 2026


Ви го претставуваме жирито за Најдобар еколошки филм на овогодинешното ЕХО.
 
Категоријата „Најдобар еколошки филм“ ја имаме 7-ма година по ред. Нескриено восхитени од богатата работа на Македонското еколошко друштво, нескриено и се радуваме што продолжуваат да бидат наш партнер во повеќе програмски елементи на нашиот фестивал, па така повторно и во натпреварувачкиот сегмент, при што нивни членови се дел од жирито за оваа категорија.
 
Данка Узунова
Данка Узунова покажува интерес за природата oд мали нозе, и подоцна продолжува да студира екологија и да истражува птици. Работи во Македонско еколошко друштво преку 15 години, каде директно и континуирано придонесува за развојот на орнитологијата (наука за истражување птици) во Македонија.
 
Александар Павлов
Александар Павлов е дел од мамалошкиот тим на МЕД, каде активно работи на истражување и заштита на балканскиот рис и кафеавата мечка. Како теренски биолог и мамалог, повеќе години посветено ги проучува цицачите и нивната екологија, претворајќи ја љубовта кон природата и животните во научна и теренска работа.
 
Арта Старова
Арта Старова е социолог кој се занимава со истражување на пресекот меѓу општеството и екологијата. Нејзината работа е насочена кон справување со нелегалното убивање на птици и заштита на мршојадците и балканскиот рис, со посебен интерес за мултидисциплинарниот пристап и соработката меѓу различни области.
 
Андријана Папиќ Манчева
Андријана Папиќ Манчева е преведувачка по француски и англиски јазик, со повеќегодишно искуство во комуникации. Дел е од Фестивалот на креативен документарен филм „Македокс“ од неговите почетоци. Живеењето во духот на нула отпад и екофеминизмот ѝ се меѓу омилените теми за разговор, а интерсекционалноста - призма низ која се труди да го набљудува и одново да учи за светот.
 

ФЕСТИВАЛОТ СЕ РЕАЛИЗИРА СО ГЛАВНА ПОДДРШКА ОД

ПОДДРЖУВАЧИ И ПАРТНЕРИ

Член на: