Вести

Снежно жири на ЕХО #17 / 2026


Ви ги претставуваме членовите на жирито за најдобар филм за снежни спортови:
 
Сања Спасовска - поранешна репрезентативка во сноуборд репрезентацијата на Македонија, стравствен љубител на планините и природата и сноуборд инструктор. Од рана возраст започнува прво со скијање, а потоа сноубординг и на прв спуст се заљубува во спортот кој потоа и станува начин на живот.
Бележи исклучителни резултати на меѓународни натпревари како и на Светски куп во дисциплините слалом и велеслалом.
По професионалната кариера се посветува на тренирање на нови таленти и кондициски подготовки на идните сноубордери.
 
Марко Дарков - All around вљубеник во планините и природата, сноубордер, планински водич и cat driver. Роден и пораснат под пазувите на Баба Планина, па така од најрана возраст започнува да се занимава со зимски спортови, од кои најмногу го привлекува сноубордингот и започнува посериозно да се занимава со спортот. Има настапувано на меѓународни натпревари како дел од македонската репрезентација во фристајл дисциплина, а потоа работи како тренер и судија.
 
Кристијан Арсовски - Професионален планински водич, аутдор фотограф, видеограф и страствен спортист. Со планината е поврзан од рана возраст, па така сосема природно го започнува својот пат како планински водич и freeride ски-водич. Неговата пасија зад и пред објективот опфаќа широк спектар на планински дисциплини - од ultra trail трки и планински велосипедизам, до посветени чекори и аспирации во алпинизмот. Своето лично планинско искуство, визуелно око и љубов кон дивината сега ќе ги спои и како член на жирито за најдобар филм за снежни спортови на нашиот фестивал.
 
Секоја година имаме исклучително квалитетни филмови на оваа тема, па така и годинава и знаеме дека нема да имаат лесна работа - и им благодариме.
 

ФЕСТИВАЛОТ СЕ РЕАЛИЗИРА СО ГЛАВНА ПОДДРШКА ОД

ПОДДРЖУВАЧИ И ПАРТНЕРИ

Член на: