Ќе имаме можност да уживаме во презентацијата на еден од најдобрите светски алпинисти, човек кој за своето дружење со планините низ неколку децении, заминува на бројни експедиции, насекаде во светот: Марек Холечек.
Марек ни пишува:
„Ќе ви ја раскажам приказната за еден сон, што се роди во моето детство. Со текот на времето, тој стана реалност и ме придружуваше на речиси педесет експедиции – од Антарктикот, преку Јужна и Северна Америка, па сè до Хималаите. Ќе ви прикажам снимки и филмски исечоци од ова мое животно патување. Со нетрпение очекувам да се видиме!“
Марек Холечек е алпинист, истражувач и режисер. Тој е еден од најдобрите светски алпинисти, со бројни признанија и награди во својата родна Чешка - почесни признанија и награди за најдобро алпинистичко искачување, како и номинации и награди за највисокото алпинистичко признание во светот: Златен Цепин.
Во 2018 година, Марек го добива Златниот Цепин, за искачување кое го реализираше со Зденек Хак - интегрално искачување на југозападната страна на Гашербрум 1, цел на која Марек работеше неколку години, со различни партнери, при што еден од нив и загина - Зденек Хруби, во 2013.
Пред тоа, но и потоа, до ден-денес, бројот на негови сериозни искачувања е фасцинантен и веруваме дека ќе уживаме во убаво дружење, со силно посветен и вљубен човек во планините.
Изразуваме благодарност до Амасада на Р. Чешка за поддршката за гостувањето на Марек Холечек на нашиот Фестивал.






