Истражувачко друштво „Урсус спелеос“-Скопје
Факултет за природни и технички науки, УГД-Штип
Планината Галичица се одликува со изразен карстен релјеф.Процесите на растворање во карбонатните карпи овозможилеформирање на различни типови пештери кои претставуваатзначаен предмет на спелеолошки и научни истражувања. Предавањето „Спелеолошки истражувања на Галичица“ ќе гипретстави пештерите истражувани од Истражувачкото друштво„Урсус спелеос“-Скопје, морфолошките карактеристики и особености, нивната микроклима и пештерската фауна.
Посебен акцент ќе биде ставен на современите методи заследење на условите во пештерските екосистеми. Прекудата логерите континуирано се следат пештерскатамикроклима и хидролошките услови во подземните води, а преку фото-замките се следи фауната која живее во пештерите или повремено ги посетува пештерите. Овиемерења овозможуваат подобро разбирање на пештерските екосистеми и нивното функционирање.
Како значаен чекор кон долгорочно следење наприродните процеси во регионот, воспоставен е траенмониторинг систем со метеоролошка станица воПреспанскиот регион и хидролошка станица наПреспанското Езеро, кои се меѓусебно линковскиповрзани. Системот овозможува континуирано следење наметеоролошките и хидролошките параметри, создавајќиоснова за проучување на поврзаноста меѓу атмосферскитеуслови, површинските и подземните води и функционирањето на карстниот систем на Галичица.
Предавањето ќе понуди поглед зад сцената наспелеолошките истражувања, откривајќи како теренскатаработа, современата мерна технологија и воспоставениотмониторинг придонесуваат за подобро запознавање, разбирање и зачувување на подземното природнобогатство на Галичица.






