Вести

Детска работилница - „Мали раце - голема грижа за птиците“

Македонско еколошко друштво секогаш многу вредно на ЕХО.
Како и секоја година, веќе најавивме - ќе слушаме предавање, нивни членови се дел од жирито за најдобар еколошки филм, а повторно - учествуваат и со две работилници за деца.

Ви ја најавуваме првата:
„Мали раце, голема грижа за птиците“

Со доаѓањето на зимата и падот на температурите, птиците потешко доаѓаат до храна.
Инсектите стануваат поретки, а семињата и плодовите во природата се сè помалку достапни. Сакате да им помогнеме?
Дојдете да им направиме хранилки! Ем ќе се дружиме, ем ќе откриеме како може вообичаените материјали околу нас, да ги претвориме во нешто корисно и на едноставен и креативен начин да се грижиме за природата и за нашите пердувести соседи!

Добредојдени се сите мали и големи љубители на природата!
Сите материјали ќе бидат обезбедени.

Повеќе инфо за работилницата за деца:
Термин на одржување:
27ми октомври (вторник), 17:30 часот, МКЦ

Возраст: 6+ годишна возраст
Пријавување на: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.

Работилницата е со ограничен број на учесници.
Прв пријавен - прв примен.

ФЕСТИВАЛОТ СЕ РЕАЛИЗИРА СО ГЛАВНА ПОДДРШКА ОД

ПОДДРЖУВАЧИ И ПАРТНЕРИ

Член на: