Веќе ја најавивме првата, а повелете сега информации и за втората детска работилница на Македонско еколошко друштво:
„Преспа“
Учесниците во оваа игра, ја преземаат улогата на млади еколози и се соочуваат со предизвици поврзани со заштитата на различни животински и растителни видови и нивните живеалишта, во прекуграничниот Преспански Регион. Притоа, треба внимателно да управуваат со ресурсите што им се на располагање, за успешно да ги остварат своите цели.
Во играта учествуваат четворица играчи - тројца натпреварувачи и еден „банкар“. Секој натпреварувач добива мисија во која треба да заштити пет растенија, животни или живеалишта. За да ја исполни својата мисија, користи „парички“ и ја „води“ употребата на ограничените ресурси, настојувајќи да постигне рамнотежа меѓу нивната достапност и потребите за заштита.
Играта е првенствено наменета за деца на возраст од 10 до 14 години – и се игра на маса и на под!
Доаѓате?
Повеќе инфо за работилницата за деца:
Термин на одржување:
29ти октомври (четврток), 17:30 часот, МКЦ
Возраст: 10-14 годишна возраст
Пријавување на: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.
Работилницата е со ограничен број на учесници.
Прв пријавен - прв примен.






