Почитувани филмски аматери, студенти, синеасти, филмаџии, филмофили и останати пријатели на Седмата уметност... ЕХО има особена чест да Ве покани на филмската работилница – ТАНЦОТ СО КИНОТО, која ќе се оддржува 4 денови за времeтрањето на фестивалот, од 24.10 до 27.10. 2017 год. Покровител на работилницата е нашиот долгогодишен партнер Allga San Низ текот на работилницата, групите учесници ќе имаат можност да изработат кратки филмови (од 5 до 7 минути), на веќе однапред зададени теми. Секоја група ќе биде составена од четирите водечки филмски професии (продуцент, режисер, сценарист и камерман), се со цел, секој од пријавените да може одблиску да го почувствува и да се запознае со филмскиот занает.
Имено, идејата на ТАНЦ СО КИНОТО е преку колективен труд, но во најкус временски период, да се поминат сите фази на видео продукцијата (од развој на идеја и сценарио, преку режија и сторборд до монтажа и финална проекција). Токму и затоа, нашите учесници ќе бидат мотивирани, под притисок на време и во ограничени услови, но со многу здружен и креативен потенцијал, да создадат кратки играни филмови и проговорат на универзалниот јазик, јазикот на Филмот.
Секој заинтересиран може да се пријави на мејл Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.. Рок за пријавување до 18ти октомври (среда). Местата се ограничени!
Ментор на работилницата ќе биде: Димитар Банов. Роден во 1979 год. во Скопје, дипломира новинарство на УКИМ во 2004-тата, а подоцна станува и Магистер по филмска драматургија на престижната Чешка Филмска Академија ФАМУ. Моментално работи како професионален сценарист во ОХО Продукција и држи часови по сценаристика на ФДУ како надворешен соработник. (работилницата ќе се одржи ако се пријават минимум 8 кандидат, односно две работни групи).