Истражувачко Друштво "Урсус Спелеос", континуирано во текот на изминатите години, во рамките на нашиот фестивал, на најмладите на свој начин им ја доближува убавината на планините, природата и секако - на пештерите.
Работилницата за заштита на пештери и лилјаци е наменета за возраст на деца од градинка и основно училиште - едукативна работилница за запознавање со карстот, пештерите во Македонија, пештерите во Националниот парк Галичица, лилјаците но и нивна заштита, вклучително играње на интерактивни „board игри“ наменети за деца на возраст од градинка и основно училиште - како и пробување на спелеолошка опрема 

Термин и локација на одржување: 28ми октомври (среда), 17:30 часот,
Младински културен центар - Скопје
Возраст: 6+ годишна возрастПријавување на: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.
Работилницата е со ограничен број на учесници.
Прв пријавен - прв примен.







