Вести

„Светски рекорд: најдлабоко истражена подводнa пештера од човек“ - Спелеонуркачки клуб Врело

Ни претставува голема чест, што ќе можеме да го отвориме фестивалот во понеделник, со нешто многу големо и нешто толку ново и важно за сите нас: членовите на Спелеонуркачкиот клуб „Врело“, ќе ни споделат многу повеќе детали околу целата експедиција за време на која беше постигнат светски рекорд на достигнување на најдлабока подводна пештера која ја има истражено човек – пештерата Врело, на Матка, во нашата сакана Македонија. ❤️????????

„How deep is your love”, Гоце Димитриевски ни кажа било мотото на меѓународната експедиција, во која покрај Македонци учествуваа и Полјаци и Италијанци – и верувајте се работи за исклучително комплексен проект, за кој навистина љубовта требало да биде длабока, за да се постигне најдлабокото нуркање во пештера во светот!

???? Веќе веруваме сите ги знаеме основните работи – експедицијата се случуваше во периодот 10-17 октомври, беше достигната длабочина од -338 метри, откриени се нови канали кои се исклучително важни поради зголемување на комплексноста на целиот подводен пештерски систем, за прв пат од македонски тим, самостојно е конструирана, внесена, обезбедена на локација и поставена воздушна комора (хабитат), поставени беа повеќе од 30 боци на 10тина локации потребни за безбедно завршување и декомпресија, резервни батерии за греење и осветлување, тим со безбедносни нуркари, тимови за прва помош, хипербарична комора, подготвеност за реакција на хеликоптерски тим и специјалните единици при МВР...

Исклучително сериозна експедиција, со голем резултат – со многу фото и видео материјал, кој допрва трба да се разгледува и емоции кои допрва треба да легнуваат.

???? Сето тоа, така свежо – ќе ни биде претставено во понеделник, 26 октомври, во кино Фросина, во 19 часот.

???? Дојдете да уживаме во пренесување на искуства од исклучително пасионирани луѓе и да ги поздравиме за нивниот успех!

ФЕСТИВАЛОТ СЕ РЕАЛИЗИРА СО ГЛАВНА ПОДДРШКА ОД

ПОДДРЖУВАЧИ И ПАРТНЕРИ

Член на: