„Зимски воини & Трагедијата на Ло Ла: Почетокот на крајот“ - Јежи Порембски

Од издавачот
 
Во овој стрип се раскажуваат две приказни поврзани со Еверест: неговото прво зимски искачување и трагедијата кај местото Ло Ла.
 
Во „Зимските воини“ се зборува за сведоштвата на првото искачување на Еверест, што се базирани на дневникот на полскиот алпинист Кшиштоф Вјелицки, кој воедно е првиот човек кој успешно се качил на врвот во зимски услови, подвиг што дотогаш се чинел невозможен поради суровите услови што ги има во зимскиот период. Ова е стрип што е приказна низ слики за оваа неверојатна екипа смели алпинисти, кои во 1980 година го отворија патот кон златната ера на полскиот, а и светкиот алпинизам.
 
Речисит десет години подоцна, по првото зимско искачување на Еверест, нов тим од шест полски алпинисти заминува кон врвот. Двајца од нив стигнаа до врвот, но за време на спуштањето, голем дел од планината попушта и предизвикана е голема лацина која ги зафаќа алпинистите, кои по ова паднаа во амбис. Оваа „Трагедија кај Ло Ла“ погуби петмина од шесте алпинисти инволвирани во оваа експедиција. Овој настан го означи крајот на златната ера на полскиот хималаизам.

Партнери

Поддржано од

Член на: