Бев воодушевен од поканата на фестивалот во Скопје, затоа што од мојата последна посета на овој град, поминаа 27 години. Атмосферата на фестивалот е одлична и баш сум среќен што „таму доле на југ“ има поединци кои ја буткаат качувачката сцена! Качувањето на Матка е слично на пониските карпи во Словенија и баш уживав во доброто друштво на локалните качувачи. Екипа, само така напред и се надевам ќе се видиме наскоро!